Утрински Весник
Економија

PEUGEOT e-2008 ја доби наградата „Argus Trophies“ во категоријата електричен SUV

PEUGEOT e-2008 ја доби наградата „Argus Trophies“ во категоријата електричен SUV

За ова издание на „Argus Trophies 2021“, доделувањето на наградите се одржа на дигитална ТВ-програма на 28 јануари 2021 година. Како домаќин на настанот беше новинарката Маргот Лафит. На списокот со наградите доминираа електрични возила, а PEUGEOT e-2008 се истакна со освојување на наградата „Argus Trophy“ во категоријата електричен SUV.

Претходните години PEUGEOT многупати нижеше успеси на „Argus Trophies“.
– PEUGEOT 208 ја освои наградата „ Argus Car 2020“.
– PEUGEOT 508 кој ја освои наградатa „ Argus Car 2019“.
– Брендот, исто така, освои награди во многу други категории.

Во ерата на енергетската транзиција, триумфот на PEUGEOT e-2008 со наградата за електричен SUV за 2021 година претставува особена чест за брендот PEUGEOT.

PEUGEOT 2008 се истакнува во компактниот SUV сегмент и допринесува во успехот на гамата PEUGEOT денес: со посебно докажување во дизајнот и истакнување преку иновации и технологија.

Овој прв електричен PEUGEOT SUV го отвора патот кон новиот свет на сензации. 100% електричен, возачот ќе ужива во висок степен на функционалност во возило кое е потполно тивко и без вибрации.

Од неопходните елементи кои го обележуваат брендот PEUGEOT, посебен акцент е ставен на динамичното однесување на новиот SUV PEUGEOT e-2008, обезбедувајќи уникатно чувство и задоволство при возење, во споредба со бензинските и дизел верзиите.

Во Франција, продадени се повеќе од 66.000 PEUGEOT 2008 во 2020 година и скоро 10% од нив беа електрични верзии.

„Само што ја преземав функцијата Извршен Директор на брендот PEUGEOT, јас сум многу горда и почестена што ја примивe наградата „Argus Trophy“ за PEUGEOT e-2008. Добивањето на овој трофеј е јасен доказ за моќта на заведување на овој модел и ги наградува неговите извонредни перформанси. Тој исто така е совршено усогласен со нашата енергетска транзиција бидејќи 100% од нашата гама ќе се електрифицира во 2025 година“- Линда Џексон – Извршен Директор на брендот PEUGEOT.

Оваа награда ја додели жири составено од 18 стручни новинари во категориите „Rating“ и „Argus“. Рангирањето се одредува според следниве критериуми: нова набавна цена, преостаната вредност, потрошувачка и услуги при употреба (квалитет, комфор, задоволство при возење и дизајн).

PEUGEOT e-2008 го освои првото место на подиумот пред Audi e-tron Sportback, Mazda MX-30 и Volvo XC40 P8.

(ПР текст)

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот