Утрински Весник
Магазин

Слика на Ботичели достигна рекордни 92 милиони долари на аукција

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Портрет на Сандро Ботичели е продаден за 92 милиони долари на аукција, нов рекорд за италијанскиот ренесансен сликар, објави британски „Би-би-си“.

Се верува дека младиот човек кој држи диск со брадест светец бил насликан во 1470-тите или 1480-тите. Ова уметничко дело се смета за еден од најубавите портрети на италијанскиот сликар.

Сликата, опишана како ремек-дело на Ботичели, беше продадена во четвртокот на аукција во Сотби во Њујорк.

Продажбата го означува првиот голем показател за состојбата на уметничкиот пазар оваа година.

Пред нејзината продажба, се поставуваа прашања околу подготвеноста на глобалните колекционери на уметнички дела да платат деветцифрени суми за трофејни дела среде пандемија и нестабилност на пазарот.

Успешната продажба на делото на Ботичели може да помогне во зголемувањето на цените на другите вакви слики во време кога многу колекционери на уметност бараат нови дела од повоените и современи уметници.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фондацијата Брижит Бардо ја продолжува мисијата на актерката

Најинтересните часовници за 2025 година: Смелиот дизајн и живописните бои го освојуваат пазарот

Гвинет Палтроу откри зошто одбила 18+ сцена со Итан Хо