Утрински Весник
Свет

САД се подготвени да го гонат убиецот на новинарот Даниел Перл

САД се подготвени да го гонат убиецот на новинарот Даниел Перл

САД се подготвени да го гонат убиецот на новинарот Даниел Перл. „Американските власти се подготвени да го гонат во САД човекот којшто беше ослободен од Врховниот суд во Пакистан, а осуден за убиството на американскиот новинар Даниел Перл“, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.

Според него, одлуката на Врховниот суд на Пакистан за ослободување на Ахмед Омар Саид Шеик е навреда за жртвите на тероризам насекаде, вклучително и во Пакистан. Вашингтон очекува Пакистан да ги разгледа своите законски опции со цел да обезбеди задоволување на правдата.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, која изрази незадоволство од одлуката на Врховниот суд на Пакистан,го оцени овој потег како навреда за жртвите на тероризам. Врховниот суд на Пакистан во четвртокот го ослободи Ахмед Омар, кој беше главен осомничен за киднапирањето и бруталното убиство на новинарот на „Волстрит журнал”, Даниел Перл.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Голем руски напад врз Украина со 300 дронови и 50 ракети

Унгарија најави дека утре ќе го блокира новиот пакет санкции на ЕУ кон Русија

Студентите во Иран излегоа на нови протести