Утрински Весник
Свет

Британска наставничка имала сексуални односи со 15-годишен ученик

Британска наставничка имала сексуални односи со 15-годишен ученик

Наставничка од Велика Британија може да се соочи со затворска казна откако беше прогласена за виновна за уште точка од обвинението против неа, а тоа е сексуален однос со петнаесетгодишен ученик.

Кандис Барбер (35) во неколку наврати имала секс со 15-годишното момче, еднаш и на спортски терен. Подоцна му праќала смс-пораки, каде што го прашувала дали повеќе му се допаѓа нејзиниот задник или градите.

Целиот инцидент станал познат откако во училиштето започнале да кружат нејзини топлес фотографии, кои ги праќала на својата жртва. Снимките стигнале и до директорот на училиштето, пишува „Дејли Мејл“.

Барбер е прогласена за виновна за поттикнување на дете под 16-годишна возраст на сексуални активности. Наставничката и мајка на три деца и пришла на својата жртва на Денот на спортот, откако се додале како пријатели на социјалните мрежи.

На претходното судење минатиот септември во Ејлсбери, Барбер беше осудена за сексуално дело со малолетник што се случило меѓу септември и октомври 2018 година.

Тогаш таа беше осудена и за испраќање видеа на кои изведувала сексуални активности, опкружена со сексуални помагала.

Кога директорот на училиштето го поканил 15-годишното момче на интервју, тоа негирало сексуален однос со наставничката.

Подоцна за време на разговор со полицијата рекол дека таа му се заканувала.

„Таа рече дека ќе ме повлече со неа ако ја издадам. Ја прашав дали сака да ме обвини за силување. После тоа бев лут и повеќе не разговарав со неа“, рекол малолетникот.

Барбер беше уапсена на 12 март минатата година, а за време на нејзиниот прв разговор со полицијата, таа негирала дека имала сексуални односи со момчето.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години