Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Лица од Битола и Велес приведени во врска со групата „Јавна соба“

Спасовски: Продолжува бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата

Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот „Јавна соба“, а се преземаат мерки и активности и кон други лица, соопшти на социјалните мрежи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности…

Posted by Oliver Spasovski on Четврток, 28 јануари 2021

Спасовски посоли дека МВР во координација со јавното обвинителство работи со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите.

Една година по обелоденувањето на скандалот „Јавна соба“ за групата на социјалната мрежа „Телеграм“, каде илјадници членови споделуваа експлицитни фотографии од девојки од Македонија, вклучително и на малолетнички, истата деновиве повторно е во центарот на вниманието, откако беше обелоденето дека овој пат не се работи за една група, туку за повеќе групи.

Во овие групи на „Телеграм“ членуваат и по над 5 илјади членови – сите користат прекари, а нивните телефонски броеви не можат да се видат.

МВР во текот на вчерашниот дена ги повика жртвите чии фотографии и податоци се злоупотребени во „Јавна соба“ да го пријават случајот.

 



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме