Утрински Весник
Свет

Германски гувернер ја навреди Меркел, па се извини поради изјавата

Германски гувернер ја навреди Меркел, па се извини поради изјавата

Гувернерот на германската сојузна држава Тирингија, Бодо Рамелов се извини затоа што германската канцеларка ја нарекол „малата Меркел“ за време на неодамнешниот видеоразговор и ненамерно покажал „мачо“ однесување.

Во денешниот број, дневниот весник „Ди цајт“ наведува дека Рамелов рекол дека деминутивот требало да го користи за политичари.

„Наместо тоа, јас зборував за жена. Тоа беше глупаво и звучеше навредливо“, рече Рамелов и истакна дека тој лично и се извинил на канцеларката, пренесува АП.

Покрај тоа, локалните медиуми посочија дека Рамелов за време на состанокот играл игра „кенди краш“ на телефон.

„Многу луѓе играат шах или судоку, јас играм ’кенди краш’“, рече тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking