Утрински Весник
Економија

(Видео) Маркоска: Исплатени околу 48 милиони евра за поддршка на плати во последниот квартал

(Видео) Маркоска: Исплатени околу 48 милиони евра за поддршка на плати во последниот квартал

Во последниот кавртал од 2020 скоро 48 милиони евра се исплатени за поддршка на исплата на плати, информираше на прес-конференција, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

Таа вели дека и во време на силна глобална економска и здравствена криза, Владата предводена од СДСМ покажала дека се грижи и застанува зад зад секој поеднец и компанија која има потреба од помош.

„1,2 милијарди евра преку четири пакети економски мерки завршија директно кај граѓаните, кај компаниите. Една од најзначајните мерки од овие пакети е финансиската поддршка за исплата на плати за работниците вработени во компании погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот КОВИД 19. Со оваа мерка спасивме стотици илјади работни места и помогнавме десетици илјади компании. Според јавно објавените податоци во последниот квартал од 2020 година за оваа мерка исплатени се над 2,95 милијарди денари односно близу 48 милиони евра. Во месец октомври биле поддржани 12.675 компании во ноември 13.220 и во декември 13.112 компании. Поддршка за исплата на плата во месец октомври добиле 61.830 вработени, во ноември 66.093, а во декември 60.485 вработени“, рече Маркоска.

Како што најави, во финална фаза се мерките од петтиот пакет чија реализација треба да започне наскоро со цел да продолжи поддршката за најпогодените од кризата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен