Утрински Весник
Македонија

Град Скопје со донација за опремување противпожарен брод во Охрид

Град Скопје со донација за опремување противпожарен брод во Охрид

На утрешната шеесет и трета седница, Советот на Град Скопје ќе одлучува за давање донација на едно противпожарно возило и две мобилни лафетни млазници на здружението ЕКО ФАП од Охрид. Ова здружение дејствува доброволно и организира еколошки акции за расчистување диви депонии во градот Охрид и во околината. Исто така, организира самоиницијативно учество во гасење пожари, помош на населението при елементарни непогоди и хаварии на вода и давање помош на социјално загрозени семејства.
 
Преку донацијата на возилото, ЕКО ФАП ќе има можност да ги прошири своите активности. Целта е оптимално одговарање на предизвиците при расчистување на дивите депонии на брегот на Охридското езеро и во Националниот парк Галичица.
 
Мобилните противпожарни млазници, пак, би биле употребени во опремување на противпожарен брод во рамките на здружението.
 
Предлогот за давање донација на еколошкото здружение од Охрид е во согласност со политиките на Град Скопје за заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Градот ја цени и поздравува иницијативноста на ова здружение и, преку оваа соработка, сака да мотивира слични дејства кои ќе придонесат за развивање на сите општини, заедничка соработка и активирање на граѓанските организации.
 
Секторот за заштита и спасување на Градот Скопје, нема повеќе потреба од опремата која треба да се донира, а истата е веќе испишана со завршниот попис за 2020 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тешко повреден жител на Миладиновци починал на Клинички, паднал од тераса на куќа

Мојсоска: Добивме повеќе министри за здравство за две години отколку што се изградени клинички центри за 35 години

Приведен двапати во еден ден, прво на Галичка свадба, па на улица во Гостивар