Во неодамна објавеното интервју за „Сандеј тајмс стајл“, Ана Де Армас својот успех како една од најдобрите актерки во подем го припишува на тоа дека била на вистинското место во вистинско време.
32-годишната актерка номинирана за „Златен глобус“ говори за тоа како наеднаш почна да бележи голем успех во својата кариера откако речиси четири години пред тоа глумеше во „Ножеви надвор“ и „Блејд ранер 2049“. Работите почнаа да се менуваат на подобро, вели таа, и додава дека поврзувањето со вистинските луѓе било многу важно во нејзиниот живот.
Исто така, се чини дека таа придава голема важност на запознавањето со сега веќе поранешниот партнер Бен Афлек на снимањето на психолошкииот трилер „Длабока вода“.
Во интервјуто, таа откри дека било многу напорно да се усоврши необичниот глас на Мерилин Монро за нејзината улога во претстојниот филм Blonde („Русокоса“).
За време на интервјуто, направено пред крајот на едногодинашна романса со 48-годишниот оскаровец, актерката даде неколку ретки коментари за Афлек.
Кога списанието се обиде да стапи во контакт со прекрасната Кубанка за да поразговара за изменетиот статус на врската, нејзиниот претставник за печат одговори дека „нема никакви информации за споделување“.
На насловната страница пишува: Ана де Армас – Бонд девојката што го воодушеви Холивуд