Утрински Весник
Свет

Руските научници тврдат: Ова е прва микроскопска слика од британскиот вид на коронавирус

Руските научници тврдат: Ова е прва микроскопска слика од британскиот вид на коронавирус

Научници од „Роспотребнадзор“, руската федерална агенција и надзорно тело во јавното здравство, тврдат дека први направиле микроскопска слика од британската варијанта на коронавирусот, пренесува „Спутник“.

„Државниот истражувачки центар ‘Вектор’ стана првиот во светот што го фотографираше новиот британски вид на коронавирус, изолиран од пациент во декември 2020 година. Фотографија на вирусот под микроскоп е направена за време на истражувањата за нови видови на коронавирус, вклучувајќи ги и нивните структурни карактеристики“, се вели во соопштението.

Руските научници исто така тврдат дека развиле и ПЦР-тестови кои можат да ја откријат новата варијанта.

„Мутациите што се карактеристични за британскиот вид на коронавирус, не влијаат на ефикасноста на вакцината EpiVacCorona, кој содржи пептидни антигени кои не се засегнати од промените откриени во вирусот“, се додава во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури