Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед се повлекуваат од Супер лигата, Реал и Јуве остануваат лидери

Манчестер јунајтед се повлекуваат од Супер лигата, Реал и Јуве остануваат лидери
300x250 (7)

Манчестер јунајтед се дистанцирале од предлозите за европска Суперлига откако ФИФА и УЕФА излегоа со строги одговори на плановите за формирање на мега-лига за најбогатите европски клубови, јавуваат англиските медиуми.

Планот за лига од 15 тима од кои само 5 би се менувале со квалификации, ветува 310 милиони фунти за влез во лигата и профит од над 200 милиони фунти по сезона, и е предводен од Реал Мадрид, Јувентус и поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, а од Англија покрај Јунајтед би се приклучиле и Ливерпул, Арсенал, Челси, Манчестер сити и Тотенхем со посебни покани.

300x250 (7)

Според англиските медиуми, следните неколку недели ќе бидат клучни, бидејќи УЕФА ќе ги открие плановите за реформа на Лигата на шампиони од 2024, која би била Суперлига под друго име, но со клучна разлика дека клубовите ќе мора да се квалификуваат. Според овој план ќе има лига од 36 клуба која ќе ја замени групната фаза на ЛШ, а тимовите ќе играат „швајцарски систем“ против противници со различна сила, по што најдобрите 12 ќе се квалификуваат за осминафиналето, а другите ќе играат плејоф турнир.

По ова, Реал Мадрид и Јувентус ќе имаат избор да ги прифатат плановите на УЕФА или да се обидат да органзиираат свој турнир, со ризик да бидат исклучени од домашните лиги, а нивните фудбалери да не можат да играат на Европските и Светските првенства.

> Манчестер јунајтед се повлекуваат од Супер лигата, Реал и Јуве остануваат лидери <

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

ПО шест посни сезони ПСВ Ајндховен повторно е шампион на Холандија

Анчелоти: Рано е за славење, сакаме финале во ЛШ

Јокиќ по поразот од Минесота: Би сакал да имам клон за да можам малку да одморам