Утрински Весник
Свет

Уапсена сопругата на Навални на протест во Москва

Уапсена сопругата на Навални на протест во Москва
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На протестот против рускиот претседател Владимир Путин во Москва уапсена е Јулија Навални, сопругата на главниот противник на Путин, Алексеј Навални. Информацијата за апсењето ја објави самата Јулија Навални на Инстаграм.

„Извинете за слабиот квалитет на сликата, осветлувањето во комбето е лошо“, напиша сопругата на Алексеј Навални покрај фотографијата што ја објави на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @yulia_navalnaya

Протестите за поддршка на затворениот руски дисидент Алексеј Навални и изразувањето на гнев поради државната репресија започнаа со апсења, пренесуваат агенциите.

Навални во моментов е во истражен затвор каде издржува 30-дневен притвор. Руското правосудство го товари за кршење на условната казна со неговото заминување во Германија на лекување, откако беше отруен со „новичок“.

Во Хабаровск, кој е седум часа пред Москва поради временската разлика, активистите споделија видеа од полицијата како тепа демонстранти и ги става во полициско возило. Градот протестира и против апсењето на популарниот гувернер Сергеј Фургал.

И покрај сибирското студено време, стотици демонстранти излегоа на улиците на Владивосток и Иркутск, извикувајќи: „Ние сме моќни“ и „Путин е лажго“.

Поддржувачите на Навални најавија протести во повеќе од 90 градови низ целата земја, организирани преку социјалните медиуми.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја предупреди јавноста да не учествува во неовластени протести. Покрај тоа, предупеди тој, сите протести поради пандемијата се забранети со месеци.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп