Утрински Весник
Спорт

Конор и Мејведер преговараат за втор меч вреден милијарда долари

Конор и Мејведер преговараат за втор меч вреден милијарда долари

Конор Мекгрегор и Флојд Мејведер Јуниор веќе ги почнале „тајните“ преговори за сензационален ри-меч по спектаклот од 2017 година, кој би можел да донесе неверојатни милијарда долари.

Ова го тврди британскиот таблоид „Сан“, и иако честопати е посочуван како недоверлив извор, токму тие први ја објавија веста за првиот меч помеѓу Мекгрегор и Мејведер. УФЦ мегаѕвездата Мекгрегор ќе биде во октагонот во сабота против Дастин Поаире, додека Мејведер е официјално пензиониран по достигнувањето на 50-0 скорот, но во февруари ќе влезе во егзибициски меч против Јутјуберот Логан Пол.

За првиот меч, кој имаше 4.4 милиони купувања преку пеј-пер-вју само во САД, Мејведер заработи околу 280 милиони долари, а Мекгрегор 130 милиони долари, а сега би можеле да заработат уште повеќе ако се прифати понудата за римечот во Саудиска Арабија.

Инаку, првиот меч заврши со победа на Мејведер со технички нокаут во 10-тата рунда, иако „Ноториус“ изненади многумина во првите рунди. 43-годишниот Мејведер потоа изјави дека му „попуштал“ на Ирецот за да го заддржи интересот на публиката.

> Конор и Мејведер преговараат за втор меч вреден милијарда долари <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот