Децата во државната градинка во Краснојарск во Сибир ја соблекуваат долната облека, а потоа одат надвор во снегот, каде што се полеваат со ледена вода … Можеби звучи сурово, но ова е дел од нивната едукативна програма за која се верува дека ги одржува здрави и запира бројни инфекции.
„Малите ’моржови’ први се загреаваат во сауна, а потоа следува традиционалното туширање со ладна вода“, рече портпаролот на одделот за образование во Краснојарск, како што објави „Дејли мејл“.
https://www.youtube.com/watch?v=3qYhhujOtpA
Оксана Каботко (45), воспитувачка и тренер по пливање, рече дека го избегнуваат овој вид „образование“ во случаи кога е многу студено, односно ако температурата падне на минус 25 Целзиусови степени.
Таа посочува дека тие мора да имаат одобрение од родителите за студен туш, но исто така додава дека повеќето мајки и татковци апсолутно се согласуваат со политиката на градинките. Пред да ги пуштат на снег и да истурат вода врз нив, децата учат како правилно да дишат во тој момент.
„Децата кои практикуваат ладен туш се поразумни, урамнотежени и оптимистички расположени. Тие се подобро организирани. За да го направите ова секое утро, потребна ви е голема волја. Не принудуваме никого“, рече Каботко.
Нејзина колешка вели дека лекарот исто така потврдува дека децата кои применуваат ледено туширање многу полесно ја поминуваат сезоната на грип.