Утрински Весник
Свет

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија спречила два напада од Хутите

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија спречила два напада од Хутите

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти денеска дека спречила два напада од Хутите, објави Саудиската државна телевизија на „Твитер“. Коалицијата уништила брод полн со експлозиви во јужното Црвено Море и беспилотно летало со експлозив наменето за Саудиска Арабија.

Коалицијата на арапски држави предводена од Саудиска Арабија влезе во судирот меѓу владата на Јемен и Хутите, вооружените политички опозициски сили, на страната на властите на земјата во 2015 година откако Хутите остварија значителен напредок на почетокот на судирите.

Оттогаш коалицијата спроведуваше воздушни, копнени и поморски операции против милитантите кои ја контролираат Сана и големи области во северен и западен Јемен.

Во последниве неколку месеци, границата меѓу Саудиска Арабија и Јемен, која е опфатена со граѓанска војна од 2014 година, беше жариште на повеќе напади со ракети, беспилотни летала и експлозиви пријавени од Ријад како провокации на Хутите.

Последниот инцидент, во кој беше пресретнат дрон насочен кон Ријад, се случи на 4 декември.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ ќе издвои над четири милијарди евра за Украина, најави Фон дер Лајен

Над 30.000 Италијанци на Фејсбук споделувале интимни фотографии на жени

Лукашенко во телефонски разговор со Трамп се заложил за прекин на воените акции во Украина