Утрински Весник
Свет

Мира Фурлан починала од западно-нилска треска

Мира Фурлан починала од западно-нилска треска
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Познатата актерка Мира Фурлан починала од вирусот на западно-нилска треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста во САД, каде што живее од 90-те години.

Информацијата ја пренесоа хрватските медиуми кои се повикуваат на блиска личност од нејзиното семејство. Засега нема официјана потврда.

Утрово беше објавени дека Мира Фурлан починала во средата. Режисерот на „Бабилон 5“, Мајкл Страчински објави дека екипата од серијата веќе подолго време знаела дека на Фурлан и е нарушено здравјето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пад на увозот на нафта во ЕУ во првите три квартали од 2025 година

Италија им ја припишува сопственоста на златните резерви на италијанскиот народ

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј