Утрински Весник
Свет

Словенец загинал од топовска граната од Првата светска војна

Словенец загинал од топовска граната од Првата светска војна
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Топовска граната останата од Првата светска војна убила 64-годишен маж во селото Воглар кај Нова Горица во западна Словенија, во близина на границата со Италија.

Според локалната полиција, несреќата се случила вчера околу 14.30 часот при неконтролирана експлозија на топовска граната 75 милиметри, од француско производство, од периодот на Првата светска војна.

Полицијата продолжува со истрагата, а досега собрала податоци и извршила увид на местото на несреќата која се случила пред влез во гаража на станбена зграда.

Експлозијата веднаш го убила 64-годишниот жител, а истрагата за околностите на инцидентот продолжува, соопшти полицијата од Нова Горица.

Експлозијата и шрапнелите од гранатата предизвикале материјална штета во станбената зграда, а полицијата за сè го известила државното правобранителство.

На тој дел од словенечката територија, кој до 1918 година бил дел од Австро-Унгарија, имало фронт во конфликтот меѓу австро-унгарските и италијанските сили откако Италија влегла во војна на страната на Антантата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула