Утрински Весник
Свет

Бајден му го препушти на Сенатот прашањето за отповикување на Трамп

Бајден му го препушти на Сенатот прашањето за отповикување на Трамп

Одлуката за тоа како ќе продолжи процесот на судење на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, новиот американски претседател Џо Бајден ќе му ја препушти на Сенатот, соопшти портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки.

„ Убедени сме дека Сенатот може да ја исполни својата уставна должност додека работи за американскиот народ. Претседателот Бајден ќе им ги остави механизмите, временската рамка и другите детали за тоа како Конгресот ќе го продолжи процесот на отповикување“, рече Псаки на брифингот за печатот во Белата куќа.

Претседателот на Претставничкиот дом, Ненеси Пелоси, сè уште не го испратила текстот за отповикувањето до Сенатот, а според правилата на тоа тело, судењето на поранешниот претседател ќе започне ден по приемот на одлуката за отповикување.

Бајден претходно ги повика сенаторите да не дозволуваат судењето во Трамп да ги забави преостанатите активности во првите денови од неговиот мандат, како што се гласање за неговата администрација и донесување закони.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Техеран најавува напредок во индиректните разговори со САД

Зеленски: 2.000 украински деца се вратени од руско заробеништво

Петмина млади загинаа во пожар во магацински простор на станбена зграда во Шпанија