Утрински Весник
Свет

Во Германија почина човек по вторпат заразен со коронавирус

Во Германија почина човек по вторпат заразен со коронавирус

Во Германија е регистриран прв смртен случај по втората зараза со коронавирус, што е трет случај од ваков вид во светот.

Починатиот за прв пат заболел од коронавирус во април минатата година, а по втор пат во декември. Тој не ја преживеа втората инфекција.

Починатиот човек живеел во областа Фројденштат, објавија здравствените власти на Штутгарт.

„Пациентот починал од Ковид-19 поради пневмонија и сепса, со откажувања на повеќе органи“, објавија надлежните органи.

Станува збор за маж на возраст од 73 години, кој, по првата инфекција, очигледно не стекнал силен имунитет.

Германските власти посочуваат дека се мали шансите некој по вторпат да се зарази со коронавирус, но има индивидуални случаи кога пациентите не создале доволно антитела.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дронот што експлодира во Литванија бил украински, потврди литванскиот премиер

Европски и азиски земји ги предупредуваат граѓаните: Не патувајте во Франција освен ако не морате

ВИДЕО Француски крадци покажуваат украдена стока на TikTok: „Газевме врз полицијата“