Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Додаваат дека ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец, а максималната температура ќе достигне од -1 до 9 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.
Во текот на изминатата ноќ било ведро, а најниски минимални температури измерени се во Беров0 -14, -13 Битола, -10 Скопје-Петровец и Прилеп, -9 Крива Паланка, Демир Капија и Куманово, -8 Тетово, Претор, Штип и Струмица, -7 Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија, -6 Охрид, -5 Крушево и Дебар.
Висината на снжната покривка до 7 часот утрово изнесувала 32 сантиметра на Попова Шапка, 14 во Битола, 7 Маврови Анови и Крушево, 3 Дебар, Охрид и Претор и 1 сантиметар во Крива Паланка.