Утрински Весник
Свет

Тајландскиот премиер се закани: Кривично ќе биде гонет секој што ќе шири лаги за вакцините

Тајландскиот премиер се закани: Кривично ќе биде гонет секој што ќе шири лаги за вакцините

Премиерот на Тајланд, Прајут Чан-Оча, се закани со кривично гонење на секој што шири лажни информации за вакцини против коронавирус на социјалните мрежи или во масовните медиуми.

Со оглед дека државата веќе може да казнува затоа што во тек е вонредна состојба, која беше прогласена во март минатата година поради пандемијата, предупредувањето на Прајут е реакција на тврдењата на опозицијата на интернет дека неговата влада не сторила доволно за да набави доволно вакцини.

Танаторн Џуангронгруангкит, поранешниот лидер на распуштената партија „Напред кон иднината“, ја обвини владата дека постапува премногу бавно во врска со вакцинирањето на населението. Имаше и обвинувања дека компаниите со „врски“ профитираат од државните договори за вакцини, што властите ги негираа.

Здравствените власти на прес-конференција денеска го бранеа процесот на набавка на вакцините и рекоа дека Министерството за здравство работи на тоа од февруари минатата година, но им треба време за проценка кои се соодветни.

Како што се наведува, целта на Владата е да вакцинира 50% од населението оваа година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд