Утрински Весник
Свет

САД најавија нови санкции против Русија

САД најавија нови санкции против Русија

САД наскоро ќе разгледаат дополнителни санкции против Русија, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

„ Соединетите држави наскоро ќе разгледаат дополнителни санкции против Русија според Законот за санкции против американските противници (CAATSA) и Европскиот закон за заштита на енергетската безбедност (ПЕЕСА)“, рече Помпео.

Тој потсети дека Америка воведе санкции на бродот кој работи на изградба на „Северен поток 2“ – леталото „Фортуна“ и неговиот сопственик, компанијата „КВТ РУС“, пренесува Спутник.

„ Ако биде завршен „ Северен поток 2 “, тоа ќе и` даде можност на Русија целосно да ја заобиколи Украина, лишувајќи ја од исклучително важните приходи и „отворајќи“ ја за понатамошни агресивни руски активности, а исто така ќе овозможи природните ресурси да се користат како инструменти на притисок и злонамерно влијание во Западна Европа“, истакна Помпео.

Според него, „денешното објавување на санкции покажува дека Соединетите држави не се плашат да одговараат за оние кои продолжуваат да помагаат и да го одобруваат овој руски инструмент на принуда“.

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека проектот за гасоводот „Северен поток 2“ се соочува со суров и незаконски притисок од Америка. Проектот „Северен поток 2“ вклучува изградба на две гранки на гасоводот, со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија