Утрински Весник
Македонија

Водици годинава без скокање по крстот

Водици годинава без скокање по крстот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век.

Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Според православната традиција денес се осветуваат водите и се одржуваат манифестациите за фаќање на светиот крст. Оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година.

Годинава за првпат денешниот празник се очекува да помине без традиционалното скокање по светиот крст, поради епидемијата со Ковид-19.

Според најавите, денот ќе биде одбележан со свети литургии во црквите и нивните дворови.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во пресрет на празникот рече дека за време на празникот полицијата ќе биде со зголемени активности за да се спречат собирања, а разговарано е и со МПЦ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Семејството Аслани обвинува за полициска бруталност по смртта на нивното двегодишно дете

Има загинати во возилото што падна во Радика

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено