Утрински Весник
Свет

(Видео) Навални од судница ги повика Русите да излезат на улица

(Видео) Навални од судница ги повика Русите да излезат на улица

Рускиот суд му одреди притвор на опозицискиот лидер Алексеј Навални до 15 февруари, кој, пак, ги повика Русите да излезат на улица и да протестираат против владата.

„На Алексеј Навални му е одреден притвор во траење од 30 дена, до 15 февруари“, објави неговиот адвокат Вадим Кобзев на Твитер.

Веднаш по таа одлука беше објавено видео во кое лидерот на опозицијата од судницата ги повикува Русите да ја преместат борбата на опозицијата на улица.

„Овие разбојници (на власт), тоа добро го знаете, најмногу се плашат од луѓето што излегуваат на улица (…), затоа не плашете се, излезете на улица, не за мене, туку за вашата иднина“, рече тој во видеото снимено во судницата и објавено на социјалните мрежи.

Неговиот најблизок соработник Леонид Волков веднаш објави на Твитер дека екипите на Навални „почнуваат да се подготвуваат за големи протести низ целата земја на 23 јануари“.

Судската одлука следува еден ден по апсењето на Навални по пристигнувањето во Москва.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови