Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачки: Одговорност од Шекеринска и Пендаровски за бламот кој ѝ го приредија на Македонија пред НАТО

(Видео) Ковачки: Одговорност од Шекеринска и Пендаровски за бламот кој ѝ го приредија на Македонија пред НАТО

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од  министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и одговорност од претседателот, Стево Пендаровски, за, како што рече, бламот кој ѝ го приредија на Македонија пред НАТО.

„Шекеринска и Пендаровски да не се кријат зад партиски соопштенија зад СДСМ и да одговорат кој и зошто ги прекршил процедурите при номинациите за воен претставник на Македонија во НАТО во Брисел. Земјата ја понижувате и срамите заради вашиот аматеризам. Ова е блам пред НАТО и Шекеринска и Пендаровски треба да сносат одговорност“, рече тој.

Според Ковачки, Шекеринска и Пендаровски, ја понижуваат и Македонија и Алијансата, со самото тоа што две ипол години немаме наш воен претставник во НАТО.

„Јавноста мора веднаш да добие одговор на прашањата: дали Шекеринска знаела дека постои безбедносна пречка за лицата што ги номинирала, и ако знаела, зошто го довела во заблуда Претседателот на државата да дава согласност и да ја срами државата пред нашите сојузници, дали Пендаровски ќе побара одговорност од Шекеринска, затоа што го довела во заблуда или ќе си одмолчи и релативизира и ако не е запазена процедурата за избор, зошто не е, и кој е тој, односно таа што е над процедурите за да може да одлучува по сопствено, односно партиско убедување“, праша Ковачки.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор