Во последните 24 часа во Хрватса се евидентирани 174 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи е 3.276.
Меѓу нив, 1.742 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 139 се на апарати за дишење. 39 лица починаа.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 225.128 лица заразени со новиот коронавирус, од кои починале 4.655, а 217.197 оздравеле, од кои 917 во последните 24 часа.
Во моментов има 16.687 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 1.120.894 лица, од кои 2.369 во последните 24 часа.