Утрински Весник
Македонија

Во ковид-центрите низ земјава речиси половина од креветите за пациенти се слободни

Во ковид-центрите низ земјава речиси половина од креветите за пациенти се слободни
Dik 300x250 mk

Речиси половина од болничките кревети за сместување на пациенти заболени од ковид-19 во земјава се слободни. Денешните податоци на Министерството за здравство велат дека на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат 650 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а во моментов има 621 слободен болнички кревет во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 376 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во главниот град пак, во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 280 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 9 оздравени пациенти.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 179 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, велат од Министерството за здравство.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија

Јани Бојаџи за „Утре наутро“: Филмот е инспириран од фаталниот 27 април 2017 година и се занимава со прашањето што после тоа

Владата го задолжи МВР во соработка со ДКИ, ДИЖС, ДСЗИ и ИЈЗ веднаш да отпочнат со координиран вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и ЈП Комунална хигиена