Утрински Весник
Свет

Ирак предаде останки од 55 војници загинати во војната со Иран во ‘80-тите

Ирак предаде останки од 55 војници загинати во војната со Иран во ‘80-тите

Ирак во неделата му ги предаде на Иран посмртните останки на 55 војници убиени за време на војната меѓу двете земји од 1980 до 1988 година, пренесува „Анадолија“.

Казим Јасери, директор на граничниот премин „Шаламхех“ во ирачката провинција Басра, изјави дека останките на иранските војници се пронајдени во област помеѓу Ирак и Иран во која се водеа битките.

„Претставниците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст учествуваа во церемонијата на примопредавање на телата“, додаде Јасери.

Стотици ирански и ирачки војници кои беа убиени во војната 1980-88 година за првпат беа разменети меѓу двете земји во 2003 година, и втора размена имаше во 2008 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на летот Тел Авив – Виена: Закана со бомба го принуди пилотот да слета во Софија

Најмалку едно лице загина, тројца се повредени во рускиот напад врз Киев

Зеленски: Трамп нè турка во капитулација