Утрински Весник
Свет

Три милиони Кинези во карантин откако трговски патник го рашири коронавирусот

Три милиони Кинези во карантин откако трговски патник го рашири коронавирусот

Речиси три милиони луѓе во Кина се ставени во карантин по зголемувањето на случаите на коронавирус, чие ширење е поврзано со еден трговски патник на североистокот на земјата.

Иако Кина во голема мера ја стави под контрола епидемијата, повторното нагло ширење на заразата во последните неколку недели ги принуди властите на повторно затворање, ограничување на патувањето и масовното тестирање.

Така, три милиони жители во два града во провинцијата Џилин се најдоа под нови мерки. Кина денес забележа 109 нови случаи на инфекција.

Поради новите околности повеќе од 19 милиони луѓе во североисточна Кина не смеат да ги напуштат своите домови, а во некои случаи можат да аплицираат за дозвола да излегуваат и да купуваат намирници на секои три дена.

Властите успеаја да ги поврзат новозаболените со асимптоматскиот трговски патник од соседната провинција Хеилонгјанг, каде минатата недела беше прогласена вонредна состојба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет