Утрински Весник
Македонија

Бектеши смета дека кафулињата ќе работат до 23 часот

Бектеши смета дека кафулињата ќе работат до 23 часот

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот.

„Продолжување на работното време најверојатно ќе има од 21 јануари, а до кога ќе биде продолжението ќе зависи од предлогот што ќе го даде Комисијата за заразни болести. Имајќи ја предвид ситуацијата, јас мислам дека би требало да биде негде до 23 часот. Тоа е моето видување“, рече Бектеши.

Според неговите сознанија, вели дека не се работи на изготвување нови протоколи за работењето на угостителските објекти.

„Постоечките мерки се со важност до 21 овој месец. Согласно сите податоци што ги имаме ние како Влада, и во склоп на кризниот штаб се предвидува да се продолжи работното време. Има неколку опции, мислам дека на 21 кога ќе имаме и кризен штаб, навремено ќе ги информираме сите угостителски објекти. Но, најверојатно ќе има продолжување на работното време на угостителските објекти“, повтори Бектеши.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Алиша до Владата: Ни ветувавте повеќе, сега ни го скративте животот

Скратени часови за лична асистенција: Семејствата оставени сами со најтешките обврски

Алиша со предизвик до градоначалниците: Возете се со затворени очи за да видите како „преживуваат“ слепите