Утрински Весник
Економија

Бензините и дизелот поскапуваат

Нови цени на горивата: Еуросупер БС-95 поевтинува а екстра лесното масло поскапува

Од полноќ се зголемуваат цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,172 ден/кг и ќе изнесува 30,823 ден/кг.

Од 19.1.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 63,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 65,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 54,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 54,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 30,823 (денари/килограм)

„ Охрабрувачката имунизација со вакцините против КОВИД 19 и ефектите од договорот на ОПЕК за ограничување на производството во следните месеци се клучните причини поради кои минатата недела берзанските цени на сите нафтени деривати се зголемија – и тоа е едниот фактор кој влијае директно врз денешната одлука. Вториот фактор е зголемувањето на курсот на денарот во однос на доларот. По двомесечен постојан пад, за прв пат се регистрира зголемување на курсот на денарот во однос на доларот и просекот на истиот е за околу 0,845% повисок од просекот на курсот по кој беа формирани цените со претходната пресметка“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“