Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го осуди апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални и повика на итно ослободување и негова загарантирана безбедност.
„Го осудувам вчерашното апсење на Алексеј Навални по неговото враќање во Русија. Притворањето на политичките противници е спротивно на меѓународните обврски на Русија“, рече Фон дер Лајен.
Таа истакна дека очекува темелна и независна истрага за нападот врз Навални, кој тој едвај го преживеа.
„Руските власти мора веднаш да го ослободат и да ја гарантираат неговата безбедност. Ние ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата“, додаде претседателката на ЕК.
Претседателот на Европскиот совет, исто така, во неделата навечер оцени дека апсењето на Алексеј Навални по неговото пристигнување во Москва е неприфатливо и повика на негово итно ослободување.
Руската полиција во неделата го уапси главниот критичар на политиките на Кремљ, Алексеј Навални по неговото пристигнување на Германија на аеродромот Шереметјево, додека се подготвувал да ја мине пасошката контрола, потврди руската Федерална служба за затвори (ФСИН).