Утрински Весник
Свет

Европскиот парламент и министрите за надворешни на ЕУ ќе разговараат за притворот на Навални

Европскиот парламент и министрите за надворешни на ЕУ ќе разговараат за притворот на Навални

Највисоките претставници на Европската Унија изразија загриженост по притворањето на рускиот блогер Алексеј Навални, пренесува ТАСС.

„Притворањето на Алексеј Навални по пристигнувањето во Москва е неприфатливо. Ги повикувам руските власти веднаш да го ослободат”, напиша на Твитер претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Ги замолуваме руските власти за итно ослободување. Подготвени сме да го поканиме Навални во Европскиот парламент”, рече претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, во твит.

„Руските власти мораат да ги почитуваат правата на Алексеј Навални и веднаш да го ослободат. Политизацијата на судството е неприфатлива“, повтори високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеф Борел.

Ова прашање ќе се дискутира на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ на 25 јануари и на седницата на Европскиот парламент што започнува на 18 јануари, изјави дипломатски извор во Брисел за ТАСС. Според изворот, земјите од ЕУ може да објават заедничка изјава за ова прашање во понеделник.

Навални, кој беше баран за кршење на условите за условна казна во случајот „Ив Рошер“, беше приведен на московскиот аеродром „Шереметјево“ по пристигнувањето од Берлин во неделата.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници