Утрински Весник
Свет

Наследникот на Самсунг осуден поради корупција

Наследникот на Самсунг осуден поради корупција

Наследникот на јужнокорејската бизнис империја Самсунг, Ли Џае-јонг е осуден на 2,5 години затворска казна поради корупција, јавија денеска локалните медиуми. Со таа пресуда, тој ја губи моќта да носи важни одлуки за иднината и работењето на технолошкиот гигант.

Високиот суд во Сеул го осуди Ли, формално потпретседател на Самсунг електроникс, најголемиот производител на паметни телефони и компјутерски чипови во светот, е прогласен за виновен за мито и проневера во врска со скандалот што доведе до симнување од власт на претседателот Парк Геун Хе.

Ли ја водеше компанијата неколку години откако неговиот татко доживеа срцев удар, по што почина во октомври минатата година.

„Многу е жално што Самсунг, водечка компанија во нашата земја и горд глобален иноватор, постојано е вклучен во криминални дела секогаш кога има промена на политичката моќ“, се вели во пресудата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години