Утрински Весник
Магазин

„Годзила против Конг“ ќе биде објавен два месеци порано, на 26 март

„Годзила против Конг“ ќе биде објавен два месеци порано, на 26 март

Студиото „Ворнер Брос“ настојува да ја започне годината навистина снажно, и ја префрли својата претстојна епика со чудовишта „Годзила против Конг“ на 26 март 2021 година, два месеци порано од првичниот распоред.

Ова ќе биде проследено со ултра насилното продолжение на култната борбена игра „Мортал комбат“ закажано за 16 април.

Се чини дека 2021 година ќе биде година на филмови на „Ворнер“, а меѓу нив се „Том и Џери“ (26 февруари), „Дјун“, „Матрикс 4“, „Спејс џем 2“ (Space Jam: A New Legacy) и многу други.

Како што беше најавено претходно, сите филмски изданија на „Ворнер Брос“ оваа година ќе бидат прикажани во киносали и на „Ејч-би-о макс“ истовремено.

 

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Транзитниот Јупитер во Рак носи силен фокус на домот и емоциите вели Јанковска

Утрински навики што го регулираат шеќерот и енергијата

Вечерва во 21:00 нова епизода на „Планетите зборуваат“ со Наташа Јанковска