Утрински Весник
Магазин

„Фу фајтерс“, Џон Леџенд, Џон Бон Џови, Џастин Тимберлејк, Брус Спрингстин ќе настапат на инаугурацијата на Џо Бајден

„Фу фајтерс“, Џон Леџенд, Џон Бон Џови, Џастин Тимберлејк, Брус Спрингстин ќе настапат на инаугурацијата на Џо Бајден

Рок бендот „Фу фајтерс“ и пејачот Џон Леџенд ќе им се придружат на Кери Вашингтон, Ева Лонгорија и Брус Спрингстин на инаугурацијата на Џо Бајден.

Сите ѕвезди ќе се појават во ударниот термин на специјалната телевизиска програма – чиј домаќин е Том Хенкс – во среда (20 јануари) откако новоизбраниот претседател ќе положи заклетва во американскиот Капитол.

Организаторите потврдија дека Ева и Кери „во текот на ноќта ќе воведуваат различни сегменти, почнувајќи од приказни за млади луѓе кои прават разлика во нивните заедници до музички настапи“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чудни навики кај децата што ги загрижуваат родителите – еве што велат стручњаците

Од ластик и плочка на улица до модерни игротеки – како се менува детството низ генерациите

Најтешките знаци за соживот – живеењето со нив е постојана борба