Утрински Весник
Свет

Хакирана страница на Руската федерална служба што го уапси Навални

Хакери ја нападнаа официјалната веб-страница на Руската федерална служба за извршување затворски санкции (ФЦИЗС).Членовите на оваа служба синоќа го уапсија лидерот на опозицијата Алексеј Навални на московскиот аеродром Шереметјево.

„Веб-страницата е под постојани хакерски напади веќе два часа. Експертите работат на подогнување на сајтот“,цитира ТАСС извор близок на федералната служба, кој рече дека сè уште не е познато од каде се извршуваат нападите на официјалната веб-страница. Службата за односи со јавност на ФЦИЗС претходно објави дека опозиционерот Навални е задржан на пасошка контрола веднаш по вечерашното враќање од Берлин на аеродромот во Москва.

Според очевидци, Навални бил приведен кога пред контролниот влез во Русија го покажал својот пасош на полицијата за време на контролата, а на неговата сопруга Јулија, неговиот портпарол и адвокатот им било дозволено да влезат во Русија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно