Утрински Весник
Свет

Полицијата ги растури демонстрациите во Амстердам

Полицијата ги растури демонстрациите во Амстердам

Холандската полиција употреби водени топови против скоро 2.000 демонстранти во Амстердам кои протестираа против владините рестриктивни мерки. Мерките се воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Демонстрантите се собраа на плоштадот пред Рајкс музејот и музејот Ван Гог, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Слобода: Стоп за окупацијата“ и извикувајќи „Ние сакаме слобода“, пренесува Ројтерс. Безбедносните сили уапсија околу 100 демонстранти.

Ниту еден од демонстрантите не носеше маски задолжителни на јавни места и ретко кој го почитуваше правилото за физичка оддалеченост, што предизвика реакција од полицијата, се вели во соопштението на градските власти на Амстердам.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВИДЕО Француски крадци покажуваат украдена стока на TikTok: „Газевме врз полицијата“

Катастрофални поплави во Шпанија, пороите однесоа автомобили, двајца загинати

Демонстрантите го блокираа Лувр во Париз, туристите не можат да влезат во музејот