Утрински Весник
Спорт

Лазаров нема критики за Египет: Ние сме задоволни, мора да се пофалат организаторите

Лазаров нема критики за Египет: Ние сме задоволни, мора да се пофалат организаторите

За разлика од другите ракометни ѕвезди, кои имаа низа на забелешки и критики кон организаторите на Светското првенство во Египет, македонскиот капитен Кирил Лазаров вели дека е презадоволен од условите и вели дек аорганизаторите треба да бидат пофалени.

„Презадоволен сум што сум во Египет. Се работи за прекрасна земја, и горд сум што играм тука со националниот тим, бидејќи за мене ова е вторпат да сум тука по 1999 година. Знам дека некои луѓе многу ги коментираа работите околу пандемијата и незадоволството од играње на ракомет во вакви услови, но јас видов само добра организација. Знаеме дека сме во поинаква ситуација поради корона вирусот и организаторите можат да добијат само пофалби бидејќи работат 24 часа на шампионатот. Хотелот во кој престојуваме е одличен, секој втор ден не тестираат и ние немаме проблеми“, вели Лазаров во интервју за официјалниот веб-сајт на шампионатот.

Тој признава дека по двата тешки порази од Шведска и Египет не е задоволен, но дека ќе се борат до крај.

„Никогаш не е убаво да се загуби со голема разлика, но дојдовме тука да се бориме. Верувавме во чудо, но не игравме на потребното ниво. Не знам што носи иднината, но сега уживам во моментов и не е време за одлуки. Нашата репрезентација е млада и нема искуство, а сега ни е важен мечот со Чиле за да одиме во главната рунда“, додава Лазаров.

> Лазаров нема критики за Египет: Ние сме задоволни, мора да се пофалат организаторите <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе се врати на теренот на 18 мај во Женева

Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе се пресметаат за вториот билет на „Вембли“

Панатинаикос му се приклучи на Реал на кошаркарскиот фајналфор