Утрински Весник
Спорт

Озил на пат за Истанбул, Фенербахче го чека!

Озил на пат за Истанбул, Фенербахче го чека!

Месут Озил е на пат за Турција, каде што ќе го комплетира трансферот во Фенербахче, откако се откажа од скапиот договор со Арсенал за трансфер во клубот за кој навива од своето детство.

32-годишниот Озил се збогувал со своите соиграчи во тренинг-центарот во Колни, во неделата, ставајќи крај на седумиполгодишниот престој во северен Лондон и тој доби дозвола да патува за Турција, каде што ќе има медицински тестови пред да го комплетира трансферот.

Од Арсенал за англиските медуми објавија дека нема да има официјално соопштение додека не се комплетира потребната документација, но Озил веќе зборуваше за турскиот канал „НТВ“.

„Многу сум возбуден и среќен. Јас сум навивач на Фенербахче, и Господ овозможи да го носам тој дрес. Ќе го дадам мојот максимум. Денеска пристигнувам во Истанбул со семејството, иако не е јасно кога ќе биде летот. Вечерва ќе сум таму“, изјавил Озил.

> Озил на пат за Истанбул, Фенербахче го чека! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија