Утрински Весник
Македонија

Мицкоски со Орбан и Јанша ќе разговара за бугарското вето, најави опозициската партија

Мицкоски со Орбан и Јанша ќе разговара за бугарското вето, најави опозициската партија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со повеќе политичари од регионот и Европа во рамките на пријателските односи со повеќе сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ од семејството на Европската Народна Партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека е предвидено Мицкоски да се сретне со претседателот на Фидес, а воедно и со премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

Потоа ќе оствари средба во Љубљана и со премиерот на Република Словенија и претседател на Словенечката Демократска Партија Јанез Јанша.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека средбата со Јанша е особено значајна за европските интеграции ако се знае дека Словенија е идната земја која ќе го преземе претседавањето со ЕУ. Во неколкудневната дипломатска активност лидерот на ВМРО ДПМНЕ ќе оствари средби и со претставници на хрватската владејачка партија ХДЗ.

Од партијата истакнаа дека средбите ќе бидат искористени за активно лобирање за државните интереси на Македонија пред се одблокирање на патот кон Европската Унија кој е блокиран со бугарското вето, како и застојот кој го има земјава во однос на реформите.

„Средбите ќе бидат насочени и кон градење на мостови на регионална соработка на ВМРО-ДПМНЕ, како и разгледување на можностите за идна економска соработка и отворање на можностите за привлекување на инвестиции и размена на знаења со цел економско зајакнување на земјава во периодот на силната економска криза и рецесија“, додава ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме

Калајџиев: Најавите на премиерот дека извршната ќе ја апси судската власт се трагикомични

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог