Утрински Весник
Македонија

Сончево време со мала до умерена облачност

Сончево време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено.

Во текот на денот облачноста ќе се зголеми, особено во северните делови, каде во текот на ноќта ќе има услови на места да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3 степени.

Во Скопје сончево време со мала до умерена, а до крајот на денот со значителна облачност. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу 0 степени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче за ТВ 24: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски сојузници е дебакал  и пораз за дипломатијата и Владата

Давкова се сретнала со Генералниот секретар на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Марцин Цепелак

Поскапува и „частењето“: Јавните службеници ќе може да примаат подароци вредни до 4.000 наместо како до сега до 3.000 денари