Утрински Весник
Македонија

Жител на Сингелиќ осомничен за недозволено поседување дрога и оружје

Жител на Сингелиќ осомничен за недозволено поседување дрога и оружје

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги како и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

На 15 јануари, во куќа во сопственост на таткото на 48-годишниот осомничен во Сингелиќ, биле пронајдени речиси 13 килограми марихуана во 39 пакувања, како и околу 4 литри хашиш масло, информираат од полицијата.

Покрај тоа, полициските службеници при претресот пронашле и еден пиштол марка „Црвена застава“ 9мм Para, две рамки со по 9 куршуми за овој пиштол и уште 39 куршуми од неутврден калибар.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и сокривање на трагите, како и можност да го повтори делото.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јанев: Во Кочани не изгоре само ‘Пулс’ изгоре и вербата во државата

Прегазен пешак во Куманово: пренесен во болница со тешки повреди

Филипче: Судењето за Кочани е тест за целото општество, мора да се води кристално чисто