Утрински Весник
Свет

Толпата во Капитол сакала да ги фати и убие избраните пратеници, тврдат обвинителите

Толпата во Капитол сакала да ги фати и убие избраните пратеници, тврдат обвинителите

Федералните обвинители на САД во поднесокот до судот тврдат дека толпата што упадна во зградата на Капитол сакала да ги фати и убие избраните пратеници, пренесува „Гардијан“.

Тужителите ја направија таа проценка во поднесокот до судот со кој се бараше притвор за Џејкоб Ченсли, снимен во зградата на Капитол со рогови на главата.

Барањето за притвор, напишано од обвинителите во Аризона, детално наведува што направил Ченсли во Капитол. Меѓу другото, се наведува дека тој му оставил порака на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, во која гласи: „Правдата доаѓа, прашање на време е“.

„ Силните докази, кои ги вклучуваат зборовите и постапките на Ченсли во Капитол, ја поддржуваат тезата дека демонстрантите сакале да ги фатат и убијат избраните американски службеници“, се вели во поднесокот.

Чансли треба да се појави на суд во понеделник, а неговиот полномошник по службена должност не даде коментар за поднесокот.

Обвинителите и федералните агенти покренуваат посериозни обвиненија за насилство во Капитол, пишува „Гардијан“, повикувајќи се на примерот на пензионираниот пожарникар Роберт Санфорд, кој фрлил апарат за гаснење пожар во главата на еден од полицајците и Питер Стагер, кој е обвинет за удирање на друг офицер со стап, на кој имало американско знаме.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела