Утрински Весник
Македонија

Лекарската комора им ги дообјаснува протоколите за Ивермектин на матичните лекари, граѓаните да не го земаат на своја рака

Лекарската комора им ги дообјаснува протоколите за Ивермектин на матичните лекари, граѓаните да не го земаат на своја рака

Лекарската комора започнала со оналјн предавања за матичните лекари во целата земја, на кои им се дообјаснуваат протоколите за употреба на лекот Ивермектин кој се употребува за третман на болеста ковид-19. Од следната недела, како што информираат во Министерството за здравство, лекарската комора ќе организира и онлајн дискусија со клиничките доктори (лекарите кои работат во болниците) за употребата на лекот.

Во меѓувреме, здравствените експерти предупредуваат лекот да не се зема на своја рака и граѓаните да не прават залихи за да биде достапен во аптеките на оние на кои им е навистина потребен.

„Лекот Ивермектин може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист којшто е лиценциран. Истиот може да се употребува во домашно и болничко лекување и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, во случај лице било во контакт со ковид-позитивен. Во моментов има доволно количини, но и ќе има доволно количини за пациентите на кои им е потребен овој лек. Пациентите потребно е да не го земаат на своја рака, туку исклучиво со матичен лекар или лекар специјалист“, велат во министерството.

Ивермектинот не е на позитивната листа на лекови кои потпаѓаат на товар на ФЗО. Согласно решението на МАЛМЕД истиот лек се издава исклучиво на рецепт и се применуваат одредбите за издавање на розев рецепт.

Микробиологот проф. д-р Никола Пановски вели дека овој лек граѓаните не треба да го земаат за да го имаат дома.

„Не треба да се прават залихи како што беше со Сумамед, за да остане лекот во аптеките за оние на кои ќе им треба“, посочува Пановски додавајќи дека Ивермектинот не треба да се пие без консултација со доктор, зашто во комбинација со одредени други лекови може да предизвика несакани последици.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара