Утрински Весник
Магазин

Со едукативни видеа од доктори, Јутуб ќе се бори против дезинформациите за ковид-19

Со едукативни видеа од доктори, Јутуб ќе се бори против дезинформациите за ковид-19

Јутјуб работи со врвни здравствени организации со цел создавање едукативни медицински видеа за платформата во обид да се спречат дезинформациите за ковид-19, се вели во објава на Јутуб блогот.

Со новиот тим за здравствено партнерство ќе раководи д-р Гарт Греам, новиот директор на Јутуб и глобален шеф на партнерствата за здравствена заштита и јавно здравје. Грем неодамна беше главен здравствен службеник во CVS Health.

„Мисијата на мојот тим е да ги поттикне луѓето да го живеат својот здрав живот преку знаење, поддршка и инспирација. Она што е најважно, ние сакаме да обезбедиме пристап до веродостојни информации засновани на докази од доверливи извори“ вели доктор Греам.

Инаку Јутјуб ќе работи со здравствени организации, вклучително и Американското здружение за јавно здравје, Клиниката Кливленд и Форумот на школата за јавно здравје на Харвард, за да создаде „високо квалитетна здравствена содржина“ за своите корисници.

Како и другите технолошки платформи, Јутуб мораше да се справи со ширењето на дезинформации за ковид-19. Во октомври, платформата во сопственост на Гугл соопшти дека ќе ги отстрани видеата што вклучуваат дезинформации за вакцините за ковид-19. Претходно презеде мерки за друга содржина што содржи невистини за вирусот, како што се видеа со кои се спори истиот. Во тоа време, компанијата соопшти дека отстранила повеќе од 200.000 видеа што содржат опасни или погрешни информации за ковид-19 од февруари 2020 година.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста