Утрински Весник
Македонија

Пријави за двајца тетовци кои украле 5.000 евра од паркиран „мерцедес“

Пријави за двајца тетовци кои украле 5.000 евра од паркиран „мерцедес“

Teтовската полиција поднесе кривична пријава против двајца тетовци, А. Б. (37) и С. Г. (34), поради сомнение за сторено кривично дело кражба.

Како што информираат од МВР, на 25 декември минатата година на тетовската улица Видое Смилевски – Бато пријавените одзеле 5.040 евра и мобилен телефон од автомобил „мерцедес“, сопственост на 49-годишниот Ј. К. од селото Милетино.

По преземените мерки, тие биле пронајдени и приведени во СВР Тетово.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат уреди за констатирање сообраќајни прекршоци 

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Одржана 26 седница на Заедничкиот консултативен комитет – силни општини за европски квалитет на живот