Утрински Весник
Свет

Во Австрија задолжителен негативен тест за влез во театар и за хотелско сместување

Во Австрија задолжителен негативен тест за влез во театар и за хотелско сместување
Dik 300x250 mk

Австрискиот парламент денека одобри владата да воведе задолжителен негативен тест за одење во театар и за хотелско смесутвање и покрај воздржаноста на некои деловни здруженија.

Владејачките конзервативни пратеници во коалиција со Зелените гласаа за владата на Себастијан Курц да ја воведе оваа мерка по завршувањето на третиот карантин, на 24 јануари.

За ваквата одлука беа и опозициските социјалдемократи, кои го овозмижија потребното двотретинско мнозинство, додека крајната десница беше против.

Австриската стопанска комора претходно соопшти дека е скептична во однос на мерката во кафулињата, хотелите и рестораните кои сега се затворени.

Владата исто така сака да воведе задолжителен негативен тест за коронавирус при влегување во болница за лекување на други болести, освен Ковид-19.

Главно поштедена од првиот пролетен бран на пандемијата, Австрија не успева да го намали бројот на заразени, иако по Божик го воведе третиот карантин од почетокот на пандемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил