Утрински Весник
Свет
Img 7972

Руските деминери деактивирале повеќе од 200 експлозивни направи во Лаос

Руските деминери деактивирале повеќе од 200 експлозивни направи во Лаос
300x250 opst2

Руските воени инжинери деактивирале повеќе од 200 експлозивни направи во Лаос од ноември 2020 година, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана, пренесува ТАСС.

„Војници од Меѓународниот центар за борба против мините на Руските вооружени сили пронајдоа повеќе од 200 експлозивни направи како дел од мисијата за хуманитарно деминирање во провинцијата Ксиангхуанг, Лаос. Повеќе од еден хектар земјиште е исчистено од мини“, се вели во соопштението .

Според Министерството, руските деминери претежно откриваат и деактвираат касетни бомби произведени во САД, како и артилериски гранати од различен калибар.

Триесет и два деминирачи од Меѓународниот центар за борба против мините на Руските вооружени сили пристигнаа во Лаос на 22 ноември 2020 година. Тимот е опремен со напредни алатки за откривање на експлозивни направи, вклучувајќи ги и индукциските детектори за мини IMP-3, магнетометриските детектори за бомби МБИ-П2 и подповршинските детектори PPO-2I.

Ова е трета мисија за деминирање на руските воени инженери во Лаос.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот