Утрински Весник
Македонија

Зимската служба на Општина Бутел распрскува емулзиона течност на повисоките места

Img 3411
Зимската служба на Општина Бутел распрскува емулзиона течност по дел од повисоките места – населби (Радишани, Бутел 1 и 2, Скопје Север, Љубанци, Љуботен и Расадник). Станува збор за средство, чија цел е да спречи заледување на коловозот во пресрет на најавените снежни врнежи.
Течноста се распрскува непосредно пред најавени снежни врнежи, со цел да се придонесе кон полесно топење на снегот по сообраќајниците и пешачките зони.
Имено, денеска се очекуваат снежни врнежи во вечерни часови, а поинтензивни врнежи од снег се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Намерата на локалната самоуправа е примарно да се исчистат повисоките места (населби), како и да се обезбеди безбедно движење на граѓаните по пофреквентните зони.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта

Камерите го снимија моментот на кршењето на стаклото на Бугарската амбасада во Скопје

ТДП ја потврди победата во Центар Жупа